1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Терористичката трага води до Пакистан

Кај Кистнер11 август 2006

Владата на Пакистан соопшти дека учествувала во осуетувањето на планираните терористички напади

https://p.dw.com/p/Adyh
Фотографија: AP Graphics

Пакистан, според претставничка на тамошното министерство за надворешни работи, одиграл многу важна улога во откривањето и уништувањето на меѓународната терористичка мрежа. Минатата недела биле уапсени двајца Британци со пакистанско потекло во Карачи и Лахоре. Всушност, имало редица апсења во врска со планираните терористички напади врз авиони на меѓународни летови. Од некои од уапсените безбедносните сили дознале подробности за плановите за напади, кои потоа веднаш и’ биле пренесени на Велика Британија.

„Интернационалната димензија на таа терористичка мрежа е многу јасна: што се однесува до регрутирањето, тренингот и планирањето, тука се вмешани повеќе од една земја. Поради тоа САД со прст покажаа на Ал Каеда“ – вели Мустафа Алани, експерт за областа тероризам од Центарот Галф рисрч.

Пакистан има клучна улога во антитерористичката коалиција, што ја организираа САД. Претседателот Первез Мушараф постојано во минатото нагласуваше: „Ние остануваме здружени во борбата против тероризмот се’ додека конечно не ги победиме и уништиме терористите“.

Но, сомнеж во волјата на Пакистан сериозно да постапува против тероризмот постојано наново искажуваат не само пакистанските соседи Авганистан и Индија. Во тешко достапниот пограничен предел кон Авганистан, според гласините, се крие не само Осама бин Ладен, туку и други високи по ранг претставници на Ал Каеда. На видео-снимките на терористичката група се гледаат слики на милитантни, кои во мобилна лабораторија експериментираат со бомби, а експерти сметаат дека тие снимки се направени во Пакистан.