1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тепачка во парламентот во Тајван

ЖА/дв/дпа/афп2 август 2013

Жестока парламентарна дебата околу нова атомска централа се претвори во тепачка: повеќемина пратеници од ривалските табори започнаа со физичка пресметка, обидувајќи се да стигнат до говорницата.

https://p.dw.com/p/19IsK
Фотографија: picture-alliance/AP

Повод за тепачката беше планираното гласање за прашањето дали народот треба да се изјасни преку референдум за прекин на изградбата за четвртата атомска централа во Тајван, која се гради во близина на главниот град Тајпеј. Опозицијата гласаше против проектот поради безбедносни причини. Владејачката партија Куоминтанг напротив аргументира со проблемите во снабдувањето со енергија и економските последици ако биде прекинат мамутскиот проект.

Спорот околу тајванските нуклеарки се разгоре по катастрофата на реакторот во јапонска Фукушима. Тајван и порано беше познат по масовни тепачки во парламентот, но минатите години дебатите по правило течеа помирно.