Тежок земјотрес во Фукушима
22 ноември 2016Земјата во јапонската префектура почна да се тресе во шест часот наутро. Земјотресот беше со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала.
Непосредно потоа стигна предупредувањето на властите од цунами. Беше речено дека брегот може да биде погоден од бранови високи три метри.
Рибарските бротчиња ги напуштија пристаништата и заминаа на отворено море. Од жителите покрај брегот беше побарано да се евакуираат во повисоките места.
Премиерот Шинзо Абе, кој е во посета на Аргентина, уверуваше дека ќе се реагира веднаш:
„Им дадов налог на владините службеници да ја информираат јавноста правовремено и прецизно во врска со евакуацијата поради цунами. Освен тоа, треба да се утврди обемот на штетите и веднаш да се пружи помош каде што е неопходно.“
Три часа подоцна алармот е повлечен. Сѐ мина прилично добро: брановите на брегот на Фукушима се високи само еден метар. Сепак, сеќавањето на несреќата од 2011 година, кога во цунами загинаа 18.000 луѓе и беше предизвикана нукеларна катастрофа, повторно испливаа на површина.