Тајфунот Випа го зафати кинеското копно
19 септември 2007Реклама
Придружуван од силни дождови, тајфунот Випа го зафати кинеското копно јужно од Шангај. Во регионот, според кинеските власти, евакуирани се околу 2 милиони луѓе. Затворени се и платформите во кинеското море од каде што се црпи нафта. Тајфунот со брзина на ветерот од 230 километри на час, загуби на сила кога се приближи до копното. Сеуште нема информации за можни жртви или повредени. Претходоно тајфунот Випа го зафати Тајван, каде најмалку едно лице го загуби животот.