1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Тајните јунаци“ на германското стопанство

Клаус Улрих/ Симе Недевски20 октомври 2012

Тие се „тајните“ германски јунаци, светски лидери во своите бранши! Станува збор за средно големите германски компании. Тие се одговорни за германскиот извозен успех. Како го постигнуваат тоа?

https://p.dw.com/p/16TmZ
Фотографија: Herrenknecht

Најдолгиот тунел на светот се ноѓа во Швајцарија (Готхард). Низ алпските масиви го пробиле машините на фирмата „Херенкнехт“. Тоа е компанија која е лидер во својата бранша на светскиот пазар. Таму се вработени 4.200 луѓе, минатата година е постигнат промет од над една милијарда евра.

„Херенкнехт“ во целиот свет е всушност дома. Седиштето на фирмата се наоѓа во малото место Швана на југот на Германија, всушност таму каде што веќе 1997. година инжинерот Мартин Херенкнехт ги констуирал своите први машини за бушење тунел.

„Мислам дека семејната слога е многу важна“, ја наведува тој главната разлика меѓу својата компанија и големите индустриски концерни: „Започнавме пред 35 години, многу работници се кај нас во фирмата над 30 години. И сите влечат во иста насока. Тоа е сржтта на семејното претприемништво“.

Силно водство

И токму тоа посебно заедништо е една од важните карактеристики на т.н. „тајни јунаци“. Поголемиот дел се семејни компании со силни  раководители, кои се концентрирани на еден специфичен производ и тој производ доследно го експлоатираат на пазарот. За да останат во својата област на врвот вложуваат многу повеќе пари во истражување и во развој отколку големите концерни.
Карактеристична е и нивната блискост со клиентите. „Ние веќе однапред мораме да знаеме кој производ и кое решение на проблемот ќе им треба на нашите клиенти. И тоа пред тие да го знаат тоа“, опишува Јерг Зенхајзер од истоимениот светски лидер во областа на микрофони и на слушалки.

Firma Herrenknecht
Фотографија: picture-alliance/dpa

Тајни јунаци

Поимот „тајни јунаци“ е дело на економскиот стручњак Херман Зимон. Професорот по економија и консултант ги откри „сокриените лидери на пазарот“. Од 1990. година на оваа тема и посвети неколку книги. Преведени се на 25 јазици. Неговото најново дело е објавено во август оваа година.
Како што пишува влијателниот економски двевен весник „Ханделсблат“, анализата на стратегијата за успех на средно големите компании е една од петте најважни книги по менаџмент во светот воопшто! „Во 80 тите се прашував зошто Германија е силна на извозен план“, раскажува за ДВ, „и тогаш налетав на тие пазарни лидери од редот на средно големите фирми за кои никој ништо не знаеше. Затоа ги нареков ’тајни јунаци’“.

Извозен мотор

Во Германија средно големите претпријатија се заслужни за дури 70% од извозот.  За лавовски дел од извозот „виновни“ се непознати глобални пазарни лидери. По Зимоновата дефиниција, „таен јунак“ е онаа фирма која од својата област е меѓу трите најголеми во светот, а воедно е и најголема на својот континент. Прометот на таквата компанија е помал од 5 милијарди евра, а во јавноста за неа се знае малку или не се знае воопшто ништо.

За разлика од нискиот степен на познатост, значењето на „тајните прваци“ за националната економија расте. А расте и нивниот годишен промет. Благодарение на иновациите тие освоија удел во пазарниот „колач“ и во последните 10 години отворија над еден милион нови работни места.

Prof. Dr. Dr. h.c. mult. Hermann Simon, Chairman der Agentur Simon Kucher & Partners
Економскиот експерт Херман ЗимонФотографија: Agentur Simon Kucher & Partners

Германија на врвот

Најголемата разлика помеѓу Германија и остатотот од светот Зимон ја гледа всушност во големиот број и економската „тежина“ на „тајните јунаци“. Статистиките кои ги изработи неговиот истражувачки тим ја потврдуваат тезата. Во целиот свет постојат околу 2.700 „тајни јунаци“. Дури 1.300 од нив се од Германија. За споредба: во САД има само 360, а САД има речиси четирипати повеќе жители од Германија.

Импресивни се и бројките. На секторот на средно големи компании (кои се дел од „тајните јунаци“) отпаѓаат дури 80% работни места во Германија. Во големите концерни се вработени 20%.

Искривена слика

Во јавноста меѓутоа малку се знае за тие факти. Медиумите главно известуваат за големите компании. А медиумското известување според мислењето на Херман Зимон е многу важно и всушност тоа е клучниот елемент во неговите книги и предавања: „Главна цел е да разбудиме мотивација кај што повеќе други компании и тие да растат на меѓународен план и така да отвараат нови работни места!“ Овој стручњак е уверен дека на тој начин во последните 25 години неколку стотици германски фирми тргнале на пат кон успехот: „И многу од нив навистина станаа глобални лидери!“