Тачи: Србија притиска за размена на територии
23 јануари 2013„Со оваа акција Србија ја демонстрираше својата желба за размена на територии, Ивица Дачиќ таа идеја дури и ја спомна во Брисел. Но, ние имаме свои планови и своја стратегија со која ќе победиме, изјави Тачи во интервју за приштинскиот весник „Експрес“.
Тој оцени дека размената на територии меѓу Србија и Косово е едно од најнеприфатливите сценарија за Србија по одлучната акција на косовската Влада од 25 јули 2011. година за обезбедување на целовитоста на косовската територија.
Тачи истакна дека и предлогот на Дачиќ за размена на територии тој и Владата категорички го одбиле бидејќи тоа „апсолутно оди на штета на националните интереси на Косово, таквата опција е во целосна спротивност со националните интереси на Албанците, каде и да живеат“.
Косовскиот премиер истакна дека е разочаран што политичките лидери и граѓани на Прешевската Долина не направиле ниту најмал обид да го одбранат споменикот на Ослободителната војска за Прешево, Медвеѓа и Бујановац, ккао што истакна, и покрај тоа „што ги упатив што да направат“.
Тој изрази разочарување и поради насилството над српските гробишта и споменици во Косово.