Тачи:не може да се постигне компромис со Србија
23 септември 2007Реклама
Членот на косовскиот преговарачки тим Хашим Тачи оцени дека во преговорите со Србија не може да дојде до никаков компромис за статусот на Косово и додаде дека Приштина останува на ставот дека е за независна и суверена држава. “Ние направивме голем број компромиси, особено во прашањата поврзани за малцинствата”, рече Тачи. Тој додаде дека “сегашниот статус веќе не може да се задржи“ и дека “Косово е подготвено за независност”. Преговорите меѓу Белград и Приштина со меѓународната посредничка Тројка продолжуваат на 28 септември во Њујорк.