1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тактична дебата Сего против Сарко

Тони Гламчевски3 мај 2007

Французите чекаа цели 12 години. Дуелот меѓу Сеголен Ројал, кандидатката на левицата и Никола Саркози кандидатот на левицата собра околу 20 милиони нивни сонародници пред радио и телевизиските приемници. Дебатата беше тактична со многу лажна куртоазија. Двата кандидата беа со една единствена цел, да ги убедат неопределените избирачи, а ги има околу 20%, да гласаат за едниот од нив.

https://p.dw.com/p/AbxO
По 12 години ТВ дуел на претседателски кандидати
По 12 години ТВ дуел на претседателски кандидатиФотографија: AP Graphics/DW

Сеголен Ројал, како и што се очекуваше се покажа поагресивна во два и пол часовната дебата, додека Никола Саркози покажуваше смиреност и умереност. Разбирливо, кандидатот на десницата во вториот круг на претседателските избори влегува како фаворит со предност од два до четири поени, кои кандидатката на социјалистите смета дека се достижни.

На почетокот од дебатата, видливо затегната, потоа борбена и со сериозен глас, Ројал на повеќе пати го прекина Саркози. Непрекинато потсетувајќи го на неговиот „спорен“ биланс како министер за внатрешни работи и како кандидат на владата во заминување.

Кулминација на дебатата се случи два часа по нејзинот почеток, кога Саркози почна да зборува за згрижувањето на хендикепираните деца во училиштата. Во излив на незадоволство Ројал испрати тешки обвинувања на сметка на Саркози. „Го достигнавте врвот на политичка неморалност. Да играте со хендикепот, како што Вие тоа го правите, тоа е скандалозно“.

„Смирете се, не ме покажувајте така со прст“ и одговори Саркози. „За да се биде претседател на Републиката, потребно е да се биде смирен“.

Роајал не му го остави зборот на Саркози, одговарајќи му дека „тоа што ги разликува, е концепцијата за моралот во политиката“.

Толку жестока реплика досега не се памети во предизборните дуели.

Кандидатите за наследник на Жак Ширак, по скоро сите прашања ги повторија нивните позиции. Ако се согласија дека е потребна длабока реформа на француската држава, даночната, социјалната политика или пензискиот систем, нивните пристапи за реформи се разликуваат.

Саркози нема да направи глобална легализација на странците со нерегулиран статус во Франција, секој случај ќе биде разгледуван посебно.

Ројал ја брани посетата на Кина, заради економските интереси на француските претпријатија. За Саркози Иран не е опасна земја.

Ројал не е за целосно затворање на нуклеарните централи, туку за зголемување на производството на алтернативна енергија.

Околу Европа визијата на Саркози е поедноствана. Ако тој биде избран за претседател: „Ќе се спротивставам на влегувањето на Турција во ЕУ“.

Иако Ројал побара да не и се затвора врата на Турција, според кандидатот на десницата нема да има нови проширувања се додека Унијата не се стекне со нови институции.

На крајот секој остана на своите вредности.

Саркози не верува во фаталност, туку во акција. Ројал одговара дека ќе рефомира без бруталности, реферирајќи се на германската канцеларка, Ангела Меркел, како жена која може да извршува високи државнички функции.