1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тадиќ бара извинување за страдањата и на српските цивили

25 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/B1Nh

Српскиот претседател Борис Тадиќ по синоќешниот разговор со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека независноста на Косово за Србија не претставува никакво компромисно решение. По неговото јавно извинување за злосторствата на србите врз хрватскиот народ, Тадиќ ги повика и останатите негови колеги од земјите од поранешна Југославија да го сторат истото и за страдањата на српските цивили.