1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тага по Јоханес Рау

28 јануари 2006

Веста за смртта на Јоханес Рау Германија ја прими со големо жалење.

https://p.dw.com/p/Ac9R
Јоханес Рау
Јоханес РауФотографија: AP

Граѓаните од денеска денеска му оддаваат последна почит на поранешниот претседател, за кого книги на жалоста се отворени во берлинскиот дворец Белви и во Вилата Хамершмит во Бон. Завршната комеморација и погребот на Јоханес Рау ќе бидат на 7 Февруари.

Политичарите и јавноста во Германија ги истакнаа политичките заслуги на поранешниот германски претседател. Неговиот наследник Хорст Келер, Рау го истакна како еден од најзначајните германски политичари во повоена Германија.

,, Смртта на претседателот Јоханес Рау кај мене предиѕвика длабока тага. Германија загуби цврст политичар, голем претседател и хуманист.“ рече Келер.

И на лицето на германската канцеларка Ангела Меркел можеше да се види голема тага. Таа облечена во црнина, се потсети на поранешниот претседател.

,, Со смртта на Јоханес Рау нашата земја ѕагуби извонреден човек, угледен политичар, изграден демократ и неверојатно омилен претседател. Се надевавме дека тој ќе се опорави од болеста, но ѕа жал тоа не се случи, рече германската канцеларка Ангела Меркел.

Интендантот на Дојче Веле Ерик Бетерман исто така иуѕраѕи жалење за смртта на Рау, истакнувајќи ги неговите меѓународни контакти:

,, Можеби како пример за неговата работа треба да се посочи неговиот цврст и личен ангажман за соработката со Израел.’“ нагласи Бетерман.

Жалење за смртта на Јоханес Рау изразија и многу светски државници, меѓу кои и францускиот претседател Жак Ширак, кој за поранешниот претседаел го посочи како градител на модерна Германија. Рау почина вчера во својата 75 –та година во животот,по тешко боледување.