Суспендирани “сини шлемови” поради недолично однесување
22 јули 2007Реклама
Мисијата на ОН во Брегот на слоновата коска суспендира од служба еден цел марокански контингент со 732 војници поради обвиненијата за сексуална злоупотреба. Меѓу жртвите имало и малолетни деојчиња. Настаните се случувале во изминатите три години.
3 илјади француски војници и 8 илјади “сини шлемови” на ОН го надгледуваат примирјето меѓу бунтовниците на северот и трупите на претседателот на државата Лоран Гбагбо, кои го контролираат југот на Брегот на слоновата коска.