1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Суперкуп: подготвен е и Роналдо

БГ
8 август 2017

Кристијано Роналдо е во топ форма и ќе настапи на дуелот во Суперкупот во Скопје против Манчестер Јунајтед, најави тренерот на „кралевите“ од Мадрид, Зинедин Зидан. И британскиот гигант е во полн состав

https://p.dw.com/p/2hrIG
Wales Christiano Ronaldo im Championsleague-Finale
Фотографија: picture alliance/ZUMAPRESS/M. Ciambelli

Победниците на Лигата на Шампионите и Лига Европа, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед ќе настапат со најдобрите состави вечерва во Скопје во битката за Суперкупот на УЕФА. Иако доби продолжен одмор по Купот на конфедерациите, во првиот состав на Реал ќе се најде и суперѕвездата Кристијано Роналдо. Тренерот Зидан на прес-конференцијата во Скопје рече дека бил импресиониран од физичката подготвеност на португалскиот ас, иако тој немал клупски настап речиси два месеци.

И тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо има речиси комплетен состав на располагање. Од стандардните првотимци ќе недостасува само дефанзивецот Ерик Баје, но затоа се очекува деби на новото засилување во средниот ред, српскиот интернационалец Немања Матиќ кој летово дојде од Челзи.

Суперкуп: подготвен е и Роналдо

Најголем противник на двата тима во Скопје ќе биде времето - се очекува температурите во македонскиот главен град во текот на денов да достигнат околу 38 степени целзиусови. УЕФА веќе најави дека на фудбалерите ќе им дозволи дополнителни паузи во текот на мечот за освежување.

Двата клуба имаат долга историја на меѓусебни дуели во кои поуспешен е Мадрид. Дополнително, Кристијано Роналдо во 2009 година стана најскап фудбалер во светот преминувајќи токму од Манчестер во Мадрид. Трансферот чинеше над 100 милиони долари. Во моментов, актуелни се шпекулациите за можен трансфер на велшкиот напаѓач Герет Бејл, но во спротивен правец.