Судири на турската полиција со Курди
18 ноември 2007Реклама
На југоистокот на Турција дојде до крвави судири меѓу полицијата
и приврзеници на прокурдската „Партија на демократското општество“. Безбедносните сили се обиделе со предупредувачки истрели и гас-солзавец да растурат собир на Курдите во градот Ван. Турското обвинителство во петокот поведе постапка за забрана на таа партија, која бара автономија за Курдите на југоистокот на земјата со што ја загрозувала „неделивоста на турската нација“, како што се вели во образложението.