Во судирите на полицијата и демонстрантите на маргините на масовните антивладини протести синоќа во Букурешт се повредени 440 лица, меѓу кои и 24 полицајци. Полицијата употреби солзавец и водени топови против демонстрантите пред владиното седиште, повеќе лица се приведени. Незадоволството од коруптивната влада Романците го изразија и во други градови.