1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Страницата на ЦИА најверојатно цел на интернет напад

11 февруари 2012

Страницата на ЦИА, на институциите во Алабама и на ОН најверојатно беа цел на интернет напад. Засега не се знае кој стои зад нападот. Движењето „Анонимус“ не потврдува.

https://p.dw.com/p/141zA
Фотографија: picture-alliance/dpa

Непознати хакери повеќе часови ја блокираа интернет страницата на американската разузнавачка агенција ЦИА. Интернет страницата на ЦИА од вчера вечер до утрово не беше достапна. Страницата најверојатно беше блокирана со т.н. DDoS напад. ЦИА за СиЕнЕн и онлајн порталот СиНет потврди дека имало проблеми со достапноста на страницата.

Нападнати беа и интернет страниците на Обединетите нации, на еден мексикански сојуз за рударство, како и на американската сојузна држава Алабама. Во Алабама постоеле и индиции дека напаѓачите добиле пристап до информации од сојузната држава. Според СиЕнЕн тоа се’ уште се испитува.

Кој стои зад нападот и зошто - не се знае. Во одреден момент наводни активисти на хакерското движење „Анонимус“ го свртеа вниманието дека тие стојат зад акцијата, за кратко потоа да стават под знак прашање дека тие стојат зад интернет нападот.

Движењето „Анонимус“ се залага за слободен проток на информации и слобода на говорот и е против цензура. Активистите на ова движење под псевдоними изведуваат напади врз банки, фирми за кредитни картичи или државни институции. Активистите најчесто краткорочно се здружуваат за заеднички да изведат поединечни операции.

Автор: АТ/ АМ/ дпа

Редактор: Александар Методијев