Реклама
Стотици мигранти- бегалци од Африка или Блискиот исок речиси секојдневно транзитираат низ Македонија. Во потрага по подобар живот во Западна Европа тие неретко завршуваат и како жртви на трговци со луѓе.
Сцените во кои стотици мигранти пеш се движат по македонските патишта и пруги станаа секојдневие. Државата малку или воопшто не им помага на овие луѓе. Дел од нив завршуваат во центарот за азиланти во Гази Баба каде, според повеќе извори, владеат нехумани услови.