Стојчев – шеста победа на Охридскиот маратон
22 јули 2007Реклама
Петар Стојчев од Бугарија е победник на 21-от меѓународен Охриски пливачки маратон. По 30 испливани километри, во возбудлив финиш Стојчев беше 3 секунди побрз од Аргентинецот Дамиан Блаум, а шест од третопласираниот, својот сонародник Тихомир Иванчев.
Во женска конкуренција победи Естер Нуњес Морера од Шпанија, која имаше севкупно шесто најдобро време, додека најдобропласиран од македонските пливачи е 17-годишниот Евгерниј Поп-Ацев. Тој е седми во машка конкуренција, а севкупно деветти. Учествуваа 16 пливачи – 11 мажи и 5 жени.