1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Стоп за оружјето

Александар Чомовски24 мај 2006

За Чаирчани, денешниот ден - среда е ден на жалост за тројцата невини тинејџери изрешетани со калашњикови пред нивното интернет-кафе во пресметката меѓу две банди. За Македонија е тоа повод за иницирање нова трета акција за собирање илегално оружје.

https://p.dw.com/p/Addx
Фотографија: APGraphics

Иако има опаѓање на безбедносните закани и на уличните вооружени пресметки, во однос на состојбата во времето на вооружениот конфликт или периодот од пред две години, застрашувачки е податокот дека во државата сеуште има над 330 илјади парчиња оружје, од што 55% е илегално, вели Ален Лапон, експерт на УНДП во Македонија, и додава: “Анкетата на УНДП утврди дека се повеќе припадници на младите мислат дека е “кул“ да се има оружје во Македонија. “

И покрај ригорозните кривични мерки за трговија и поседување на илегално оружје, неопходно е ново разоружување на цивилите, но овојпат со регионално значење. Невините жртви во Чаир се непосреден повод граѓанската асоцијација “Цивил“ во оваа и во други дваесетина општини да почне жива и непосредна кампања против оружјето, во рамките на меѓународната недела, со мотив “Жртвите не можат да повикаат на помош“. Оружјето го спречува мирниот и креативен развој и заедница, потсетува Џабир Дерала, кој денеска со градоначалникот на Чаир, Изет Беџети ќе ја предводат поворката со слоганот “Стоп за оружјето“.