1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ставовите на арпските држави поделени

17 јули 2006

Реакциите на арпаските држави на новата Блиско источна криза засега се поделени. Во текот на викендот министрите за надворешни работи на арпаските држави ги осудија израелските напади како брутална агресија, но пропадна резолуцијата која би сигнализирала потпора за Хезболах, поддржуван од Сирија, поради добрите односи на некои арапски земји со Западот.

https://p.dw.com/p/Ae01
Парламентот на Апрапската лига во Каиро
Парламентот на Апрапската лига во КаироФотографија: AP

Египет и Јордан, кои штотуку склучија мировн договор со Израел, јасно ја осудија израелската офанзива во Либан. Египетскиот претседател Хусни Мубарак и јорданскиот крал Абдула Втори во заедничка изјава побараа итно стопирање на нападите врз цивилното население и уништувањето на инфраструктурата во Либан. И двајцата држанвници сепак го критикуваа и грабнувањето на изралските војници од страна на Хезболах и Хамас. Египет и Јордан беа во групата земји кои во саботата на состанокот на Арапската лига исто така се противеа и против донесување резолуција што фактички би значела јасна поддршка на Хезболах.

Абделазим Хамад, главниот уредник на меѓународното издание на реномираниот египетски весник Ал Арам вака ја оценува египетската позиција „Позицијата јасно доаѓа до израз во заедничката изјава на претседателот Мубарак и кралот Абдула Втори и претставува продолжување на традиционалната позиција на Египет по склучувањето на мировниот договор со Израел. А тоа значи владата во Египет постојано вложува напори да ги смири критичните ситуации и одбива секаков вид ескалација, која би можела да ја разниша стабилноста на региониот. Но Египет во моментов е вознемирен“

Египетскиот политиколог Омар ал Чобаки, член на центарот за политчки и стратегиски студии во Каиро не очекува брза деескалација на конфликтот „Мислам дека во догледно време ќе доживееме натамошна воена ескалација во Либан и дека ќе продолжи конфликтот меѓу Хезболах и израелската армија. До онаа точка, кога ќе може да се водат преговори“

И додека Сирија и натаму го подржува Хезболах, Саудиска Арабија жестоко ја критикуваше организацијата која не сака ниту да ја именува. Блиско источниот експерт од Саудиска Арбаија Абдула Ал Чахри „Позцијата на Саудиска Арабија е јасна: мора да се прави разлика меѓу легитимен отпор и некалкулирана авантура. Оваа авантура на која се дрзна одредени групи во Либан може да доведе до тешка позиција и да го воведе во руина целиот арапски свет.Саудиска Арабија со Дамаск и Каиро пружа напори да го убеди Хезолах да ја стопира ескалацијата. Но кралството води разговори и со Вашингтон, за Израел исто така да ги стопира воените офанзиви.“ вели Ал Чахри