1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Српски архимандрит богослужеше на македонски

Свето Тоевски9 август 2007

Монахот Гаврило во приватна посета на Македонија со гест на добра волја

https://p.dw.com/p/BSYv
Фотографија: DW

Српскиот архимандрит, монахот Гаврило, од манастирот Свети Архангел, во сремската епархија на Српската православна црква, доби дозвола од својот надлежен архиереј, епископот Василије, за приватна посета на Полошко-кумановската епархија на МПЦ и за учество во водосветот и осветувањето камен-темелник на новиот извор со света вода во црквата во селото Варвара. Српскиот архимандрит вчера богослужеше на македонски јазик. Среќко Ангелковски, од раководството на Националниот совет на Македонците во Србија, вели: ”Високо преподобниот егумен, отец Гаврило, неговите први чекори во монашкиот и духовен живот ги има направено токму овде, на изворот на православието, во Македонија. Македонскиот и српскиот народ ги поврзува невидлива и трајна жила, а тоа е православието. ”

Прота Димитрија Крстевски, старешина на манастирот во Лешок, домаќин на српскиот аримандрит, за Дојче Веле изјави дека на преподобниот монах му било овозможено да учествува во бобгслужбите како уште еден спонтан гест на пријателство и желба за воспоставување на толку потребните, мостови на соработка: "Македонскиот и српскиот народ, македонското и српското свештенство, меѓу себе немаат никакви недоразбирања. Тоа се случува во главите на некои од повисоките тела и органи, во другите цркви.”

Јово Радевски, претседателот на Националниот совет на Македонците во Србија, констатира: ”Ова претставува едно зближување."

Архимандритот вчера силно се спротивстави на дејствувањето на поранешниот владика Јован и на неговата т.н. Охридфка православна архиепископија: ”Има архиепископ за цела Македонија, господин Стефан.”