1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Среќен крај на драмата со германските рудари

8 ноември 2019

По експлозија во рудникот Тојтшентал во покраината Саксонија-Анхалт се повредени двајца, а 35 рудари останаа заробени под земјата, но драмата сепак заврши среќно. Полицијата соопшти дека сите рудари се извлечени.

https://p.dw.com/p/3ShgO
Deutschland Grubenunglück Teutschenthal
Фотографија: Reuters/M. Gaul

Сите 35 рудари, кои по рударската несреќа во рудникот Тојтшентал беа останати заробени 700 метри под земја, се спасени, соопшти полицијата. По експлозијата, рударите поминале неколку часа во неизвесно очекување во просториите за безбедност во рудникот, каде биле снабдувани со кислород, изјави портпарол на рударската служба во Хале-Зале. Двајца рудари се повредени, еден Полјак и еден Германец, но по укажаната лекарска интервенција ја напуштиле болницата.

Deutschland Grubenunglück Teutschenthal
Фотографија: Reuters/M. Gaul

Според првите сознанија, причина за несреќата била експлозивна мешавина од гасови создадена во подземните ходници. Истрагата за причините ќе се интензивира по спасувањето на рударите, експерти уште денеска попладне ќе се симнат во рудникот, каде работата ќе мирува додека испитувањето за причините за несреќата не биде завршено. Во рудникот инаку работат околу сто луѓе. Пред да биде затворен во 1982 година, во него биле експлоатирани карналит и калиуомова сол, а во последните 15 години тука на 14 квадратни километри се врши депонирање на минерален отпад заради стабилизирање на рудникот.