Средба Попоски - Димас
6 декември 2011Еден ден по пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, со која Македонија го доби спорот против Грција, шефовите на дипломатијата од двете земји ќе имаат заедничка средба. Министерот за надворешни работи, Никола Попоски ќе се сретне во Вилнус, во рамките на министерскиот состанок на ОБСЕ, со својот грчки колега Ставрос Димас.
Попоски ќе има средби и со домаќинот литванскиот министер за надворешни работи Ажубалис, како и со шефовите на дипломатиите на Естонија, Летонија, Бугарија и со францускиот министер за европски прашања Жан Леонети.
Попоски ќе има обраќање и на министерскиот форум. На состанокот учествуваат над 40 шефови на дипломатии и високи претставници од 56 земји членки на ОБСЕ. Меѓу учесниците се и американскиот државен секретар Хилари Клинтон и шефот на дипломатијатијата на Русија, Сергеј Лавров.
Главни теми за дискусија на форумот ќе бидат eвроатлантската и евроазиската безбедност, како и слободата на медиумите.
Автор: АМ/миа
Редактор: Е.М.Фиданоска