Средба на косовските лидери со Кондолиза Рајс
24 јули 2007Реклама
Во спорот околу идниот статус на Косово нема еднострано да прогласи независност. Овој процес ќе биде и натаму воден во соработка со меѓународната заедница – порача косовскиот претседател Фатмир Сејдиу по разговорите во Вашинтон со американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс.
Покрај Сејдиу инаку на средбата со Рајс учествуваа и премиерот Агим Чеку и претседателот на косовскиот парламент Кол Бериша.