Средба зад затворени врати
6 октомври 2006И покрај своето лично убедување, и убедувањето на нејзината партија дека на Турција би требало да и се даде, наместо полноправно, третман на привилегирано партнерство во ЕУ, германската канцеларка Ангела Меркел ќе ги оддржи ветувањата што Германија и поранешните германски влади ги дале на ЕУ во однос на турското членство во оваа асоцијација.
Турција е важен економски и трговски партнер на Германија
Ангела Меркел ова денеска го соопшти во Истанбул на турско – герамснкиот еконосмки форум, каде во присуство на бројни германски и турски бизнисмени, Меркел учествуваше заедно со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоан. Со напомена дека Турција останува да биде значаен економски и трговски партнер на Германија, таа отворено рече дека Германија на Турција во нејзиниот пат до ЕУ нема да и поставува дополнителни услови но дека бара од неа забрзување на забавените реформи и примена на дополнителниот протокол за царинската унија. Тој предвидува отворање на турските пристаништа и аеродроми за кипарските бродови и авиони.
Ердоан бара ист третман за Турција
Зборувајќи на истиот форум турскиот премиер Ердоан нагласи дека Турција бара објективни и праведни преговори со ЕУ и ист третнман како и за другите членки. Турција е многу значајна земја за ЕУ бидејќи таа претставува мост меѓу исток и запад и исламот и хриситијанството.
Меркел се сретна со Вартоломеј
Попладнево Ангела Меркел во седиштетото на цариградската партријаршија имаше средба со Севселенскиот патријарх Вартоломеј, а се сретна и со претставници на сите други четири верски конфесии во Турција.
Иако разговорот меѓу канцеларката и цариградскиот патријарх беше во четири очи, се дознава дека една од темите на средбата беше и надминување на проблемите со турските власти околу отворње на православниот духовен универзитет во Истанбул, што е едно од прашањата заради кои Турција доживеа остри критики на последната седница на Европскиот Парламент.