Србија -влада
13 мај 2007Реклама
Српскиот парламент во 2 часот утринава ја прекина конститутивната седница на која треба да биде донесена одлука за смена на претседателот Томислав Николиќ и избор на новата влада. Продолжението е закажано за денеска во 11 часот. Мандатар за составот на новата влада е актуелниот премиер Воислав Коштуница. Новата влада според договореното треба да ја сочинуваат Демократската партија, Демократската партија на Србија и партијата Г17 плус.