1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Србите со најниски плати на Балканот

29 февруари 2012

Просечната нето плата во Србија во јануари годинава изнесувала околу 333 евра. Тоа е најниско ниво меѓу земјите во регионот а причини за ваквата состојба има многу...

https://p.dw.com/p/14C0T
БелградФотографија: picture-alliance/dpa

Просечната плата во Србија е најниска во регионот на Балканот, а најновото обезвреднување на српскиот динар дополнително ќе го зајакне тажниот впечаток за платите и животниот стандард, јави белградското радио Б-92.
Просечната нето плата во Србија во јануари оваа година изнесувала 36.639 динари или околу 333 евра.

Истовремено просечната плата во Албанија била околу 380 евра, во Македонија 380, во Бугарија 390 евра, во Босна и Херцеговина 450 евра, во Романија 480 евра, во Црна Гора 530 евра, во Хрватска 800 евра и во Словенија 1.000 евра.
Според проценката на експертите, Србите имаат најниски плати во регионот поради големиот процент на вработени во државниот сектор, големиот број пензионери, неуспешната приватизација, високата корупција, неквалитетната работа на високите државни службеници и ниската продуктивност.

Во Србија платите во државниот сектор се за 28 проценти повисоки од просечните плати во приватниот сектор, а во некои претпријатија тие се за два до трипати повисоки, како што е авиокомпанијата ЈАТ каде што примањата се поголеми за 250 проценти, „Телекомот на Србија“ за 180 проценти и „Србијагас“ за 160 проценти.

Автор:СН/ЖА/миа

Редактор: Ж. Ацеска