Спречен терористички напад во Њујорк
21 ноември 2011Американските власти спречиле обид за терористички напад во Њујорк, соопшти градоначалникот Мајкл Блумберг. Осомничениот бомбаш е 27 годишен симпатизер на Ал Каеда со потекло од Доминиканската република, но со американски пасош. Уапсениот планирал бомбашки напади врз полициски сили, поштенски објекти, како и врз припадници на воените сили кои се враќале од странство. Полицијата го следела повеќе од една година, а одлучила да го уапси откако ја финиширал изработката на бомбата.
Според полицијата, 27-годишниот Хозе Пиментел делувал самостојно и немал поддршка отстрана. Пиментел ковертирал во ислам и бил следбеник на муслиманскиот свештеник Анвар Ал Авлаки. Во истрагата признал дека му бил потребен уште еден час за да ја состави бомбата.
Автор: БГ/ АТ/ ап
Редактор: Симе Недевски