1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Спорт и бизнис

19 јануари 2006

Светско фудбалско првеснтво во фудбал во Германија својата сенка далеку ја фрла. Првата судиска свирка е дури во јуни годинава, нов моторот на првенството веќе е вклучен на најголема брзина. Во таков тон се и економските подготовки.

https://p.dw.com/p/Aejb
Светското првеснтво во фудбал одамна е голем бизнис
Светското првеснтво во фудбал одамна е голем бизнисФотографија: dpa - Report

Дали магијата фудбал ќе значи многу и за Германија како светска економска дестинација?

Кога Михаел Балак упатува центар-шут во противничкиот шеснаесетник, а Лукас Подолски стрела во вистинскиот агол на голот, тогаш тоа не влијае само врз атмосферата на стадионот, туку и врз греманската економија. Зашто светското фудбалско првенство во сопствената земја е и излог за милиони гледачи, за стотици илјади туристи и за многу потенцијални инвеститори. Неуспешна германска репрезентација воопшто не би била причина да се излезе од имиџот – долина на плачот. Оттаму и германските фудбалери ќе бидат одговорни за еуфоријата и оптимизмот во Германија. Тоа им е познато и на економските врвови на Германија.

Рекламната агенција „Шолц и пријатели„ по налог на германската влада и на германското стопанство, првенството треба да го искористи за инветситорска иницијатива. Мотото на кампањата: Германија – земја на идеи. Бизнис- шефот Мајк де Врис е убеден дека земјата на капитализмот, фудбалската уметност и комерцијалноста може заеднички да настапи:

„Во основа светското фудаблско првенство нуди платформа преку која ние Германците можеме да се презентираме. Медиумите ја фокусираат земјата и како место за производство и инвестиции, па имаме огромна шанса да ги покажеме и да ги пренесеме нашите предности„.

По почетните тешкотии, Де Врис може да смета на поддршка и финансиски средства од одговорните во стопанството и политиката. Владата и стопанството ставија на располагање по десет милиони евра. Еден од проектите прикажува 365 иновативни места во Германија чии креативни идеи ќе бидат поддржувани. Огромните скулптури поставени во Берлин се атракција за туристите и го прикажуваат германскиот креативен дух. Од фудбалски копачки, преку првите автомобили до печатарските можности, овие прекрасни парчиња прикажуваат една измината епоха.

Меѓутоа, самото светско првенство го прикажуваат новите странски прозиводи: автомобилскиот партнер на ФИФА е јужно-корејскиот концерн Хундаи, најубавата фотографија е направена се разбира со јапонскиот Фуџи – филм, а кулинарските специјалитети доаѓаат од американските куќи Кока Кола и Мекдоналдс. Според Де Врис, ангажманот на странските фирми не и пречи на атрактивноста на домаќинот:

„Мислам дека станува збор само за површна претстава. Во основа Германија ќе ја претставиме со сопствените фирми и нивните производи. Тоа ќе покаже дека станува збор за место што е интересно за инвестирање и како економски и трговски партнер, па затоа странското присуство не е во никаква спротивност„.

Дека спонзорството преку стопанството игра многу голема улога се покажа уште за време на светското фудбалско првенство во 1974 година, вели Волфганг Нирсбах, потпретседател на организациониот комитет на годинашново првенство. Кога тој ги споредува финансиските рамки од тогашното првенство, тогаш тоа наликува на патување од каменото време во иднината. Само градењето на минхенската арена чинеше 285 милиони евра, скоро двојно повеќе од изградбата и реновинирањето на сите стадиони во 74-тата. За претстојното првенство во стадионите, инфраструктурата и технологијата се инвестирани околу милијарда ипол евра, сума што според Нирсбах е соодветна:

„Всушност, тоа не е инвестиција за четири недели, туку за наредните децении. Без никакво претерување, ги имаме најдобрите стадиони во светот, пред се во широчината. Она што се роди по повод светското првенство 2006-та е гигантско„.

И вистина, потребите од еден стадион од 74-тата се во основа променети. Онаму каде што порано делот од трибините за стоење беше направен од бетон и каде што на полувремето можеше да се добијат колбас и пиво, таму сега се прават бизнис-ложите, делот за ВИП-личностите и местата за мулти-медиумите. Од нивите се родија модерни мултифункционални арени. А, тоа чини пари. Сепак, бидејќи фудбалот е работа на срцето, министрите за финансии и градските комори забораваат на празните каси и даваат доволно. И во тој поглед ситуацијата е поразлична од онаа во 1974. Спортскиот економист Маркус Куршајт го критикува претераното зголемување на јавните инвестиции:

„Тогаш стадионите стопроценто беа државно финансирани. Меѓутоа, колкави и да беа средствата, сепак беше издржливо. Денес тоа не е можно зашто стадионите во меѓувреме имаат толку големи барања во техника и комфор што не може да се препознае за колкави инвестиции станува збор, а тоа се јавни пари. Поддршаката и сигурноста можат да имаат смисла, но огромното субвенционирање или дури комплетното јавно финансирање, тоа се знае од економските студии, не е никаква предност„.

Куршајт го критикува износот на јавните инвестиции и затоа што тие не гарантираат долгорочен растеж. Тој пресметал дека германскиот фудбалски зојуз меѓу 2003 и 2010 година ќе има ефект приходи од само милијарда евра. Тој сепак гледа импулси за пазарот на работа каде што очекува околу 30 илади нови работни места.

Приватни инвеститори на овој план досега имаше ретко. Никакво чудо, зашто тие не можат да најдат кирајџии ако изостане спортскиот ефект на домашниот клуб и ако опадне бројот на гледачите. А, бидејќи однапред се знаат термините за натпреварите, многу се мали можностите за, на пример, рок концерти или други приредби. Куршајт затоа пледира на мешано финансирање во што ќе бидат вклучени клубовите, општините и приватните инвеститори.

Фудбалските храмови се се поголеми, помодерни и поскапи. Дури и ако јавните средства во иднина бидат помали, враќање назад веќе не е можно. Всушност годината 1974 за навивачите има само значење за пример што би сакале да биде повторен и годинава: имено, тогаш германската репрезентација стана светски првак.