1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Спортски актуелности

17 јули 2006

По драстичните пресуди во италијанскиот фудбалски скандал со местени резултати на прволигашки натпревари, сега започнува големо ценкање на врвните европски клубови.

https://p.dw.com/p/AeiS
Нов успех на Михаел Шумахер
Нов успех на Михаел ШумахерФотографија: AP

Тие настојуваат да ги купат играчите на екипите на Јувентус, Лацио и Фиорентина, кои треба да се селат во втората лига, како и на Милан, кој останува во првата лига, - но е казнет со одземање на 44 бодови за минатото и 15 во наредното првенство.

Михаел Шумахер, возач на Ферари, по осми пат победи на трката за Големата награда на Франција во автомобилизам формула еден на патеката во Мањи Кур. Тоа е о негова четврта победа во трка од годинашново првенство, со што ја намали предноста на водечкот во генерален пласман Фернандо Алонсо од тимот на Рено, кој вчера го освои второто место, на 17 поени. До крајот на шампионатот има уште 7 трки.

Во наредната година, судејќи според се’, во Германија и во Италија ќе се возат само по една трка, наместо по две како досега. Во Германија наизменично би се возело една година во Хокенхајм, една во Нирбургринг. Во Италија би отпаднала Имола, а би останала само Монца. Според плановите на Берни Еклстон, кој има оперативна моќ на одлучување, догодина повторно би се возело во Спа во Белгија, а во Јапонија би биле одржани две трки.

На Тур д’Франс денеска е слободен ден. Во вчерашната етапа, прва од оние што се возат низ Алпите и во кои можеби ќе падне решението за победникот, шпанскиот велосипедист Оскар Переро ја одбрани жолтата маичка за која се избори во саботата. Матијас Кеслер поради пад на 33 километри пред целта испушти шанса за втора етапна победа годинава, додека во саботата Јенс Фогт победи во спринтот во групата од 12 велосипедисти, кои направија предност од речиси цели 30 минути во однос на главнината од караванот.