1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Спорторама на 28.02.05

28 февруари 2005

Мртвата трка за првото место во германската прва сојузна лига меѓу Барен од Минхен и Шалке 04 продолжи и по одигрувањето на 23-тото коло. Обете екипи со победи, Баерн е прв благодарение на подобрата гол-разлика. На дното две екипи со една, ако не и со двете, веќе во Втората лига: Фрајбург и Росток, едсинтевно уште Бохум може да се надева на чудо. Во Оберстдорф заврши светското првенство во нордиски дисциплини.

https://p.dw.com/p/AelP
Со голот на Дајслер Баерн остана на чело на табелата
Со голот на Дајслер Баерн остана на чело на табелатаФотографија: dpa

Како едиснтвена успешна екипа во европските купови во минатата недела, Баерн останува и во трката за титулата првак во домашното првенство. Иако неубедлив, го совлада кандидатот за излегување Фрајбург на негов терен со 1 спрема 0 со голот на златната резерва Себастијан Дајслер. Со ист резултат Шалке 04 го совлада Хановер 96 и се израмни со бројот на бодовите со бавараците. Синоќа, двата други кандидата за титулата Баер од Леверкузен и Штутгарт се разделија со по еден гол во обете мрежи што не им е од полза. Актуелниот првак Вердер од Бремен повторно со висока победа, овојпат дома против очајникот Бохум: 4 спрема 0 и остана на чекор од врвот во надеж некој од сегашните лидери да киксира. Куриозитетен натпревар пред 40 илјадна публика одиграа домаќинот Херта и Хамбургер. Берлинците триумфираа со 4 спрема 1, а можеше да биде обратно. Хамбургер играше, Херта даваше голови. Финансиски потресената Борусија од Дортмунд, се опорави од петката во претходната недела против Баерн, и го совлада Мајнц со 3 спрема 0. Мајнц има среќа што и другите кандидати за напуштање на првата лига беа поразени во ова коло, па се уште е во безбедната зона. Таму се посигурно плива Арминија од Билефелд која со победата против Нирнберг од 3 спрема 1 дури може да сонува и за повеќе. Далеку зад сите закован за последното место останува Росток кому одамна не му помога ниту домашиот терен: 0 спрема 0 со Борусија од Менхегладбах, што е еднакво на пораз. Според тоа, во 23-тото коло се постигнати следниве резултати: Арминија - Нирнберг 3 спрема 1, Херта – Хамбургер 4 спрема 1, Росток – Менхенгладбах 0 спрема 0, Вердер – Бохум 4 спрема 0, Фрајбург – Баерн 0 спрема 1, Дортмунд – Мајнц 3 спрема 0, Кајзерлаутерн – Волфсбург 0 спрема 0, Шалке – Хановер 1 спрема 0 и Баер – Штутгарт 1 спрема 1. На табелата поради подобрата гол-разлика, води Баерн со 47 бодови, колку што има и Шалке. Следуваат Бремен со 43 и Херта, Баер и Штутграт со по 39 бодови. Тројката на дното ја предводи Бохум кој има 19, пред Фрајбург со 16 и Росток со 14.

На листата на стрелците и натму води Марек Минтал од Нирнберг со 18 постигнати голови, пред Бакли од Арминија со 14 и тројката со по 12: Клозе, Бербатов и Макаи.

Вчера пак, во Оберстдорф заврши светското првенство во нордиски дисциплини. Знамето на ФИС повторно ќе биде кренато во 2007 година во јапонскиот олимписки град Сапоро. На натпреаврите од вчерашниот ден Рони Акерман на германската екипа и донесе нов медал со што овозможи златен завршеток за домаќинот. Со две титули и еден сребрен медал, тој е скијачкиот крал на Оберстдорф. Вкупно Германците со две злата и пет сребра екипно се на второто место зад Норвешка која беше убедливо најсиланата екипа: 7 злата, 5 сребра и 7 бронзи.

Акерман вчера најнапред беше втор на големата скокалница за во спринтот на 7,5 километри на последното искачување да атакува и да победи. Акерман по победата изјави:

“Ова беше најуспешното светско првенство за мене и тоа токму во спотвената земја, па затоа истовремено и најубавото. Горд сум што воопшто можев да го доживеам ова првенство и тоа со две злата и едно сребро“.

Инаку на 50-километарскиот маратон во класичен стил Норвежаните славеа тројна победа. Златото му припадна на Фроде Естил. Кај жените на 30 километри најбрза беше Норвежанката Марит Бјерген што беше нејзина трета титула, па со тоа и најуспешна на ова првенство.