Спорен избор на 10-те најдобри фудбалери на сите времиња
27 февруари 2014Реклама
Листата која ја подготви ФИФА сигурно ќе предизвика многу полемики и коментари, а најинтересно е што на првите три места нема ниту еден од активните фудбалери.
Бура од негодување ќе предизвика и тоа што само Лионел Меси, од актуелните фудбалски ѕвезди, се наоѓа меѓу десетмината најдобри на сите времиња. Според ФИФА најдобриот на сите времиња е Пеле, а зад него се Марадона и Зидан.
Десетмината најдобри според ФИФА:
1. Пеле (Бразил)
2. Диего Марадона (Аргентина)
3. Зинедин Зидан (Франција)
4. Ференц Пушкаш (Унгарија)
5. Мишел Платини (Франција)
6. Роберто Ривелињо (Бразил)
7. Лионел Меси (Аргентина)
8. Лотар Матеус (Германија)
9. Роберто Баџо (Италија)
10. Георге Хаџи (Романија)