1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Малер ќе даде исказ пред Конгресот

ЖА /ДВ
26 јуни 2019

Специјалниот обвинител на САД за руската афера Роберт Малер ќе даде исказ пред Конгресот - на 17 јули пред Комисијата за правда и пред Комисијата за тајните служби. На претседателот Трамп ова нема да му се допадне.

https://p.dw.com/p/3L6Hb
USA PK vom US-Sonderermittler Robert Mueller in Washington (Reuters/J. Bourg)
Фотографија: REUTERS

Роберт Малер искажал подготвеност на 17. јули да одговара на прашања на јавна седница на комисиите за правда и за тајни служби на Претставничкиот дом, соопшти претседателот на Комисијата за правда, Џери Недлер на Твитер. Демократите одамна сакаа да го доведат Малер во Когресот за да одговара на прашања на пратениците. Согласноста на Милер меѓутоа дојде дури откако двете комисии му испратија судска покана, со која недавањето исказ носи закана за казна.

Малер речиси две години вршеше истрага за тоа дали изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп имал тајна координација со руски владини претставници во изборната кампања во 2016. година и дали Трамп ја спречувал судската истрага во овој случај. Повод за истрагата беше сомнежот за вмешаност на Москва  во претседателската изборна кампања во 2016. година, а истрагата му беше трн во око на Трамп.

На крајот на март Малер ја заврши својата работа и на министерот за правда Вилијам Бар му предаде доверлив извештај. На 24. март Бар објави сублимирана верзија од извештајот на четири страници, со искривување на одделни факти, што го критикуваше и самиот Малер. Дури на средината на април беше објавен комплетниот извештај, но со одредени нечитливи делови.

Повеќе:

Воопшто не мора да го прочитаме извештајот на МилерДилот на Манафорт - црн ден за Трамп

Затворска казна за ек-советникот на Трамп, Пападопулос

Малер и неговиот тим во текот на истрагата наидоа на бројни контакти меѓу изборниот табор на Трамп и претставници на Русија, но не најдоа докази за кривично дело. На прашањето дали Трамп ја попречувал работата на правосудството, Малер не дава конечен одговор, туку наведува индиции за и против. Врз основа на ова, Бар констатираше дека обвинувањата за кривично дело против претседателот и во овој случај се без основа.

Демократите во Конгресот продолжуваат со истрага за руската афера и други недозволени постапки на Трамп и неговото опкружување.

Трамп пак постојано ги негира обвинувањата за дослух со Русија во неговата изборна кампања во 2016. година, а истрагата на Малер ја нарече „лов на вештерки.“