1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сојузниците го контролираат центарот на Фалуџа

10 ноември 2004

Сојузничките сили го зазедоа центарот на ирачкото бунтовничко упориште Фалуџа, откако пред два дена почнаа жестока офанзива за сузбивање на милитантите и воспоставување целосен мир во земјата. Во судирите, досега загинале десетина војници од сојузничките сили.

https://p.dw.com/p/AcJw

Американската војска ја контролира главната улица во Фалуџа, што ги поврзува западниот и источниот дел на градот, потврдија воени извори, додавајќи дека во денешната акција во ирачкото бунтовничко упориште загинале 20 милитанти.

Армиски извори пак, соопштија дека во офанзивата, што почна во понеделникот, а која што според проценките ќе трае уште неколку дена, загинале десет американски и двајца ирачки војници. Според истите извори, најбараниот милитант Мусаб Ал Заркави, веќе го напуштил бунтовничкото упориште, каде што сојузниците заземаат улица по улица, а истовремено жестоко го бомбардираат северниот дел на градот.

,, Во Фалуџа повторно ќе ја вратиме легитимната контрола на ирачката влада. Како што рече премиерот Алави, терористите од градот го одбија предлогот за мирно решение, а ниното отстранувањње е неопходно за безбедноста на ирачаните,, изјави американскиот воен генерал Томас Метц, додавајќи дека во Фалуџа останало само мал број од населението, а повеќето од 300 – те илјади жители од страв го напуштило градот.

Пред два дена, премиерот на привремената ирачка влада Ијад Алави, нареди жестока акција за сузбивање на бунтовниците во Ирак со цел да се обезбеди конечен мир во земјата пред изборите што треба да се одржат во јануари, а милитантите одговорија дека во знак на одмазда, ќе нападнат многу стратешки згради во земјата, како министерства и дипломатски претставништва.

Исламистите на Заркави денеска ја презедоа одговорноста за вчерашното рекерирање на две полициски станици и мост во Бакуба, при што загинаа 45 лица.

Во Багдад од вчера, поради безбедносни причини е воведен ноќен полициски час. Утрината, во северниот дел на ирачката претстолнина, од екплозија поставена на пат, загина еден американски војник. Претседателот на Сад, Џорџ Буш,како и повеќето меѓународни фактори, ја оправда акцијата во Фалуџа во која учествуваат околу 20 илјади трупи. Буш во Вашингтон, посетувајќи ги повредените војници, рече дека офанзивата во Фалуџа била неопходна за воспоставување целосна демократија во Ирак.