1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Состанок на Тројката и Контакт групата во Виена

29 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BZII

Преговарачката тројка за Косово вечерва во Виена се состанува со претставници на Контакт групата. Со оваа средба на Белград и на Приштина треба уште еднаш да им се стави до знаење колкаво значење во меѓународната заедница им се придава на обновените преговори за идниот статус на Косово. Преговарачката тројка, што ја сочинуваат претставник на ЕУ, на САД и на Русија, утре во Виена треба да има и одделни средби со преговарачките делегации на Белград и Приштина. За сега нема најава дека ќе има промена на тврдокорните спротивставени ставови на двете делегации.