Сосиете Женерал обезбеди откуп на пакет на акции на Охридска банка
4 април 2007Реклама
Сосиете Женерал е нова банка во Македонија, која заклучно со вчерашниот ден обезбеди откуп на пакет од 51,6 отсто од акциите на Охридска банка, изјави денеска македонскиот премиер Никола Груевски, во присуство на Филип Жан директор за развој на меѓународното банкарство во Сосиете Женерал. Целиот процес ќе биде завршен до крајот на април по што банката 100 процентно ќе стане сопственик на Охридска банка.