Сомалија
20 јули 2007Реклама
Проследена со престрелки и ракетни напади во близина на местото на одржување, во Могадишу почна мировната конференција за Сомалија. Преодниот премиер на земјата, Али Мохамед Геди ги повика претставниците на етничките групи и кланови да ја искористат шансата и да донеста мир во земјата која 16 години е во анархија. По четири часа дискусија, учесниците на конференцијата ја прекинаа конференцијата, која ќе продолжи утре.