1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Солана за Косово

8 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag6V

Што се однесува до Косово и европскиот шеф дипломат Хавиер Солана смета дека предуслов за иднината на покраината е резлоуција на ОН „Ние ќе ја преземеме одговорноста за полицијата. КФОР ќе остане на Косово. А полиција и мисијата за владеење на правото ќе ја предводи исклучиво ЕУ. Подготвени сме за тоа но ја чекаме новата резолуција на Советот за безбедност на ОН, за да може да се пренесе трансферот од УМНИК на ЕУ.“

Што се однесува до позицијата на ЕУ, во однос на Косово, Солана изрази гаранција дека петте членки во Советот за безбедност кои доаѓаат од ЕУ ќе имаат единствен став.