Сократес: имаме намера да ги продолжиме преговорите со Турција
1 јули 2007Реклама
Португалскиот премиер Жозе Сократес кој од денеска е на чело на ЕУ, изјави дека и покрај противењето на Франција има намера да ги продолжи преговорите за членство со Турција. “Мора да го сработиме она што сме го ветиле”, изјави Сократес. Саркози побара да се запре приемот на Турција во ЕУ и побара нови работни групи да работат на дефинирање на границите на ЕУ. Според Сократес исполнување на барањето на Саркози би му наштетило на имиџот на Унијата, особено кај исламските земји.