1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Советот за безбедност со изјава за Косово

19 март 2004

Советот за безбедност бара од Албанците и Србите веднаш да ги прекинат безредијата на Косово. Генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, предупреди да не се дозволи ексалација која би имала непредвидливи последици. Во дебатата во Советот за безбедност стана јасно видлива разликата во третманот на крвавите безредија од страна на Германија и мнозинството на советот, како и на Србија и Црна Гора и Русија.

https://p.dw.com/p/AcOp
Совет за безбедност
Совет за безбедностФотографија: AP

”Сите се повикани , на двете страни, веднаш да запрат со насилство.”

На овој апел до косовските Албанци и Србите на германскиот министер за надворешни работи, Јошка Фишер, јасно му се приклучи и Советот за безбедност во својата изјава. Генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, ги осуди судирите меѓу двете тенички групи:

”Срамно и неприфатливо е цел на напади да бидат гробишта, џамии или цркви. ”

Крвавите судири покажаа колку нестабилна е безбедносната состојба и пет години по влегувањето на силите на КФОР и колку кршлива е политичката ситуација пет години од почетокот на мандатот на ОН.

”Не стигнавме доволно далеку. Заемниот респект меѓу различните групи сеуште не е прифатена норма.”

Исто како и Јошка Фишер, и Анан ги повика политичарите во регионот да се борат активно за соживот на различните етникуми. Опомена насочена и кон Белград. Сега населението има можност да бира меѓу толерантно и демократско општество или...

”...или да живее во хаос и мизерија.”

За хаосот, според министерот за надворешни работи на Србија и Црна Гора, Горан Свилановиќ, се виновни единствено косовските Албанци. Поддржан само од амбасадорот на Русија во ОН, тој побара поголем ангажман на меѓународната заедница. Зборови или донесената изјава, би биле третирани од страна на екстремистите, кои според српските политичари владеат на Косово, како израз на слабост.

Србија и Црна Гора, како и Русија, бараат повеќе од само привремено засилување на трупите на КФОР – тие бараат постојана заштита на сите српски објекти, зашто во спротивно се заканува етнички чистење на Косово.

Германскиот министер за надворешни работи му стави уште еднаш, по завршувањето на отворената седница, на својот српски колега до знаење, дека не станува збор само за албанска агресија и дека мора да бидат запрени и сите судири во Србија против тамошното албанско малцинство.