Смртоносна експлозија во Мексико
19 јануари 2019Најновиот биланс на загинати во експлозијата на нафтовод во централниот дел на Мексико која се случила во момент кога луѓе се обидувале да ги наполнат своите канистри со нафта, која истекувала од нафтоводот, изнесува 66, соопштија мексиканските власти. 76 пак се повредени.
Пожарот кој сѐ уште не е ставен под контрола избувнал во близина на рафинеријата Тула во областа Тлахиелипан каде неколку часа претходно дојде до излевање на нафта што ги привлече луѓето кои сакале да земат од истечената нафта. Властите сметаат дека крадци на гориво ја пробиле нафтоводната цевка, пренесува новинската агенција Ројтерс.
На телевизиските снимки можат да се видат како луѓе со канистри собираат нафта која во млазеви се излева од навтоводот.
Повеќе:
-Мексико во костец поради кражбата на бензин
Подоцна снимките го прикажуваат нафотводот зафатен од оган и луѓе како врескаат и бараат помош. Гувернерот на мексиканската држава Идалго, Омар Фајад, утрината изјави дека спасувачите пронешле 21 тело, а оти пожарот сѐ уште не е изгасен. „Има многу повредени. Многу, најмалку 54 со тешки изгореници. Постои многу врело подрачје до кое не можеме да пристапиме, и затоа мислиме дека бројот на мртви или повредени би можел да биде поголем“, изјави Фајад.
Ова е, како што наведува Ројтерс, една од најлошите експлозии на нафтоводи во Мексико во поблиската историја.
Овој инцидент се случува откако новиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор започна национална стратегија против кражбата на бензин од која само во минатата и предминатата години Мексико загуби околу 3 милијарди долари.