1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Смртна казна со бесење

5 ноември 2006

Вака гласи пресудата на специјалниот ирачки суд за поранешниот претседател на земјата Садам Хусеин, за извршени злосторства против човештвото.

https://p.dw.com/p/Ac1w
Фотографија: AP

Судиите на пладне според локално време започнаа со читање на пресудите за Садам Хусеин и неговите соработници во врска со обвиненијата за масакрот врз околу 150 Шиити во местото Дуџаил во 1982 година , по неуспешниот атентат врз Хусеин .

Покрај Садам Хусеин чија пресуда беше прочитана последна , смртни казни им беа изречени и на поранешниот главен судија . Авад Хамед ал бандер и поранешниот шеф на тајната служба и полубрат на Садам Хусеин , Барзан Ибрахим Ал Тикрити . Поранешниот ирачки потпретседател таха јасин Рамадан беше осуден на казна доживотен заттвор.

Алаху Акбар , Бог е велик и Да живее нацијата – извика Садам Хусеин веднаш по изрекувањето на пресудата . Инаку смртната казна и доживотниот затвор се пресуди кои автоматски повлекуваат и жалба , на тој начин одложувајќи ги евентуалните егзекуции за најмаллку неколку месеци. Инаку Садам Хусеин претходно изјави дека тој сака да се соочи со воена единица за стрелање а не да биде обесен.

Безбедносните мерки во Ирак беа дополнително пред денешното објавање на судската пресуда за Садам Хусеин. Во Багдад како и во провинциите Диџала и Салахедин е воведен и полициски час. Освен тоа ирачките и американските сили се во во највисок степен на готовност . Претходно адвокатотот на Садам Хусеин предупреди од немири во случај Садам Хусеин да биде осуден .

“Доколку судскиот процес заврши со смртна пресуда за претседателот и неговите другари , верувајте ми , вратите на пеколот ќе се отворат во Ирак и во арапските соседи на Ирак”

Од другастрана организациите за заштита на човековите права не се задоволни со текот на судењето и недостатоците што се покажаа за време на неговото траење . Малколм Смарт од Амнести Интернешнл притоа порача:

Дефицитите на судскиот процес , оставаат загриженост дека страницата не е свртена и дека има неуспех на правдата и одговорноста , во време кога такво нешто е најмногу потребно во Ирак