1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Смирена ситуацијата во Авганистан

30 мај 2006

Судирот на автомобил на американски воен конвој со цивилно возило вчера во Кабул ги предизвика најголемите немири по падот на режимот на Талибанците на крајот на 2001 година.

https://p.dw.com/p/Ae1K
Од немирите во Кабул
Од немирите во КабулФотографија: AP

Безбедноисните сили на Авганистан, со примена на насилство се обидоа да ги растурат демонстрациите во центарот на Кабул. Преку целиот ден во многу делови на Кабул се слушаа истрели, а над градот се издигаа облаци чад. По улиците маршираа стотици бесни демонстранти, со мегафони во рацете зборувајќи против САД и авганистанската влада „Тие убиваат луѓе. Тие ни ги кршат срцата. Ова е мојата порака на претседателтот Карзаи: Овдека е пекол. Не убиваат.“

На повеќе места дојде и до подметнување пожар и ограбувања, а голем дел од центарот на градот беше затворен од безбедносни причини.

Несреќа се случи во утринскиот сообраќаен шпиц на северозападот на Кабул. Во неа беа вмешани возила на американската војска и цивилни автомобили при што беа повредени и загинаа неколку Авганистанци. Потоа жителите на таа област по американските војници гаѓаа со камења, по што според очевидци и полицијата во Кабул американските војници пукале во разбеснетата маса. Претседателот на Авганистан повика да се смири ситуацијата, а портпаролот на ОН Адриан Едвардс зборува дека се случила трагедија „Потребен ни е мир. Луѓето се возбудуваат од ваквите случаи, но насилството воопшто не помага.“

Доцна попладне ситуацијата во градот се смири, но вчерашните немири се едни од најголемите по падот на режимот на Талибанците во Авганистан. Кон ова се надополнуваат зголемениот број напади и речиси секојдневните борби на југот на земјата.

По анти американските и демонстации насочени против владата во земјата сега се наметнива и прашањето дали е влошен односот на жителите на Авганистан кон странските трупи, на ова прашање за Втората програма на германската телевизија одговара командантот на германските ИСАФ трупи во Кабул, Кристоф Мунцлингер „Ова не можам да го потврдам и не би сакал да генерализирам. Во спротивнио, кај нашите германски војници забележувам дека имаат добри односи со населението во деловите на градот каде патролираме. Таму ја имаме довербата, пружаме поддршка и инвестираме во образовниот систем.“