1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сметање на времето

29 октомври 2010

Летното сметање на времето завршува в недела, 31 октомври, кога стрелките на часовниците се поместуваат еден час наназад, така што 3 часот по полноќ ќе се смета како 2 часот. Како се дошло до идејата за поинакво сметање?

https://p.dw.com/p/PruY
Фотографија: AP

Воведувањето на летното сметање на времето бил долг процес и честопати бил менуван во текот на годините. Се‘ почнало со Бенџамин Френклин, кој додека бил американски делегат во Франција, во 1784 го напишал есејот „Економичен проект“. Преминот од летно кон зимско време првпат е забележано во 1916 година, во земјите во северна Европа, а досега е воведено во околу 70 држави, претежно на северната хемисфера. На 21 мај 1916 година Велика Британија, следејќи го примерот на Германија, првпат го воведува летното сметање на времето. Прво договорот бил часовниците да се поместуваат по 20 минути во текот на четири последователни недели, односно вкупно 80 минути. Причината била, исто како и денес, повеќе да се искористи сончевата светлина во текот на приквечерието, а помалку светлина да остане неискористена во текот на утрото, но сето тоа да не биде многу драстично.

Uhren und Schmuck Messe
Фотографија: dpa

Поместувањето на стрелките во западна Европа воведено е на почетокот на ’70-те години од минатиот век, со образложение дека со тоа се продолжува денот, се овозможува заштеда на потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста, се подобрува прилагодувањето на луѓето и работниот ден е поефикасен.

Во Европа, во 1996 година, постигнат е договор од зимско кон летно сметање на времето да се преминува во последната недела од месец март, точно во 01:00 часот наутро според универзално време, односно во 02:00 часот според средноевропско време.

Uhren und Wecker
Фотографија: picture-alliance/dpa

Европската унија и останатите земји во Европа од 2002 година одредија летното време да почнува последната недела од март и да завршува последната недела од октомври.Поместувањето на времето во повеќето случаи се врши ноќта меѓу сабота и недела, со цел да не предизвика поголеми проблеми за работното население.

Исланд е единствената европска земја, која не го воведе зимското и летното сметање на времето.

Од 2007 година, Американците го сменија начинот на кој го сметаат времето, односно почетокот и крајот на летното сметање на времето, такашто сега тие ги менуваат часовниците вториот викенд од март и првиот викенд во ноември.

Symbolbild Menschen und die Zeit
Фотографија: BilderBox

На јужната хемисфера, почетокот и крајот на летното време е спротивен во однос на северната. Повеќето од земјите на екваторијалниот појас воопшто не го менуваат времето, бидејќи таму и не се чувствува многу промената на должината на денот и ноќта во текот на годината.

Повеќето модерни компјутерски оперативни системи имаат можност за автоматски премин на летно сметање на времето. Меѓутоа Израел, до пред неколку годин, и го менуваше летното време различно од остатокот од светот, поради посебниот лунарен календар, така што повеќето системи не можеа да преминат кон израелското летно време.

Некои астрономи се против поместувањето и вештачкото продолжување на денот, бидејќи сметаат дека „природата не треба да се измачува“, дури и доколку како оправдување се користат економските причини.

Автор: ЕМФ/миа

Редактор: Александра Трајковска