Случајот Литвиненко се проширува
8 декември 2006н во Лондон.
Литвиненко беше погребан на гробиштата Хајгејт – во специјален ковчег, поради сеуште големото зрачење. Членовите на неговото семејство како и пријателите и натаму се убедени: Зад нападот стои Кремљ.
Пријателот на Литвиненко Владимир Буковски „Бритаснки граѓанин е убиен на британско тло кукавички и брутално, од странски агенти. Ме интересира што сега ќе преземе британската влада.“
Две клучни фигури во аферата се во визирот на агентите на Скотланд Јард, кои отпатуваа во Москва: поранешниот агент Луговој и Ковтун. И двајцата се сретнале со Литвиненко кратко пред тој да се разболе. Истрагата е тешка: Луговој неможеше воопшто да биде испрашуван, Ковтун само под руски надзор – а сега двајцата наводно лежат во болница, очигледно исто така затруени со полониум, како што потврди руското обвинителство. Тие ги исрашаа Ковтун и неговите лекари и сега сметаат дека тој како и Алексадар Литвиненко се отруени со радиокативен материјал. Според руските медиуми Ковтун се наоѓа во кома, други извори го демантираат ова. Случајот Литвиненко сега засега останува мистериозен, има значително повеќе прашања отколку одговори.