1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Словенија ќе се заложи за интересите на Македонија

Горан Петрески 31 јануари 2008

Словенечкиот амбасадор во Македонија ги презентираше целите на неговата земја за време на претседавањето со Европската унија.

https://p.dw.com/p/D0D1
Логото на словенечкото претседавање со ЕУФотографија: picture-alliance/ dpa

Словенија очекува две важни работи од Макдонија во 2008 година, да почне преговори за целосна либерализација на визниот режим и да добие датум за преговори за членство. Освен овие приоритети што се однесуваат на Западниот Балкан, за време на словенечкото претседателство со Унијата од Македонија се бара да не се лути поради посебниот однос на Брисел кон Србија. Словенечкиот амбасадор во Македонија Алан Бергант кој ги презентираше целите за време на пртседателствувањето на неговата земја со Унијата, на македонската влада и вети дека Словенија ќе се заложи за интересите на Македонија.

Во недостиг на аргументи, за прдностите што и се даваат на Србија која поради изборите и Косово преку ред почнува преговори за целосна либерализација на визниот режим, амбасадорите велат дека за Брисел сите во регионт се еднакво важни. Различниот третман на Скопје и Белград од страна на Брисел, не ја налути македонската влада. Таа верува во кредибилитетот на Европската комисија.

Утре во Македонија доаѓа шефот на словенечката дипломатија Димитриј Рупел, а набргу е предвидена и посетата на еврокомесарите за правда и проширување, Франко Фратини и Оли Рен. Можно е тие во Скопје да донесат и покана за отпочнување на преговорите за либерализација на визниот режим.