1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Слобода на печатот

2 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag8B

Слободата на печатот е загрозена и во земји кои не се во воени подрачја, соопшти Комитетот за заштита на новинарите во Њујорк. Во најновиот извештај се вели дека слободата на печатот е загрозена во земји каде до пред некоја година состојбата била релативно добра. Како земји каде се попречува работата на новинарите особено се потенцирани Етиопија, Демократска Република Конго, Гамбија, Русија, Куба, Пакистан, Египет, Азарбејџан, Мароко и Тајланд.

Македонија се наоѓа на 98 место во група делумно слободни во однос на слободата на печатот според светската организација Фридам хаус.Од земјите од источна и централна Европа таа е на 14 место, зад сите земји во регионот, освен БиХ,со која дели иста позиција. Фридам Хаус оценува дека во Македонија е постигнат напредок во однос на 2005 година поради донесувањето на законот за слободен пристап до информации и поради укинувањето на затворската казна за клевета.