1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Слобода за Ваксеванис

АТ/ ртр/ дпа/ дапд2 ноември 2012

Грчките правосудни органи изрекоа ослободителна пресуда за новинарот Костас Ваксеванис. Главниот уредник на атинското списание „Хот Док“ објави листа со имиња на наводи затајувачи на данок.

https://p.dw.com/p/16bfr
Фотографија: AFP/Getty Images

Конкретно станува збор за речиси 2.060 лица, за кои се претпоставува дека затаиле данок, и неоданечените средства од Грција ги префрлиле на банкарски сметки во Швајцарија. Државното обвинителство пред неколку дена имено поднесе тужба против новинарот. Според нив не било докажано дека наведените лица навистина се даночни грешници, се вели во образложението. Освен ова, со објавувањето на имињата, биле повредени личните права.

Олеснување по пресудата

Непосредно по ослободителната пресуда Ваксеванис изјави: „Секогаш верував во правосудните органи“. Со објавувањето на листата со имињата преземал ризик, но тој ја извршувал својата работа и бил заштитен од законот. Печатот мора да објавува документи, кои се проневерени или се претставуваат како неважни, нагласи Ваксеванис. Т.н „Листа Лагард“, која ја објави новинарот се потпира на информации на француските сили за безбедност и покрај другото содржи имиња на грчки граѓани, кои во изминатите десет години префрлиле пари во Швајцарија. Според медиумските информации во 2010 година тогашната француска министерка за финансии Кристин Лагард листата им ја предала на грчките власти. Листата речиси две години беше префрлувана по различни грчки институции.

Лагард денес е шефица на Меѓународниот монетарен фонд. ММФ досега повеќепати се заложи за тоа богатите Грци да придонесат за санација на државата.