1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Скришни шампиони“

25 ноември 2011

Германските семејни претпријатија имаат повеќе предности што ги привлекуваат почетниците. Меѓучовечките односи се одлични, исто како и шансите за добра кариера и брзо преземање одговорност.

https://p.dw.com/p/13EoP
Фотографија: picture-alliance/dpa

Тобијас Торбен пред половина година го заврши фактултетот за машински инженер. Сега веќе работи во едно семејно претпријатие. Фирмата Борнеман е еден од „скришните шампиони“, релативно непознати претпријатија кои имаат водечка улога во светот - оваа на полето на развојот и производството на пумпи. Торбен работи во конструкторскиот оддел, каде од самиот почеток можеше да преземе одговорност. Важна предност на работењето во семејно претпријатие. „Во секој случај брзо се почнува со сопствени проекти и одговорност, за помали, но и за поголеми проекти.“ Тоа се најдобри услови за почетниците, кои сакаат брзо да напредуваат.

Повеќе примери

Неговото искуство не е исклучок. Раководителот на фирмата се сеќава на еден од примерите. „Му требаа седум години од почетокот на изучувањето занает како индустриски механичар, кој работеше прво во монатажата, до сегашната одговорност за продукт-менаџментот во еден од најважните сегменти на фирмата, а тоа се прехрембените производи и лековите. Во тие седум години овде си ја најде и сопругата.“

Mitarbeiter des Maschinenbauers Kinkele aus Ochsenfurt
Фотографија: DW/N.Martin

Вакви примери се типични за семејните претпријатија, тоа го докажува и студијата што за Германија ја изготви фирмата Ханиел. Покрај кариерата за почетниците многу е важна и работната атмосфера. „Секое претпријатие си има свои зацртани вредности, банките и автоконцерните исто така. Прашање е само колку тие можат да се почувствуваат, колку се опипливи во работното секојдневие. Во семејните фирми тоа е многу поконкретно. Кога некое семејство директно или индиректно игра некаква улога во менаџментот на фирмата тоа се чувствува.“

И семејното претпријатие Борнеман не е исклучок од ова правило. Посебната атмосфера ја чувствуваат и новодојдените: „Сите се љубезни, особено кон мене, бидејќи сум единствената девојка овде. Сите се поздравуваат, тоа многу ми се допаѓа...“ Таквата атмосфера во фирмите влијае вработените да сакаат да останат во нив. И Тобијас Торбен утре радо ќе дојде повторно на работа - да напредува во кариерата.

Автор: Хаген Тобер / Горан Чутаноски

Редактор: Симе Недевски