1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Скопје и Нирнберг забратимени четврт век

Симе Недевски11 јуни 2007

25-те години збратименост беа одбележани во Нирнберг со низа свечености

https://p.dw.com/p/AqJI
Трифун КостовскиФотографија: APTN
Градот Скопје годинава слави два јубилеи - 40 години збратименост со градот Дрезден и 25 со градот Нирнберг. Скопскиот градоначалник, Трифун Костовњски, по тој повод во саботата на градоначалникот на Нирнберг лично му ја подари склуптурата на академик Томе Серафимовски “Човекови раце“. Истовремено, во Нирнберг се одвиваше и фестивалот на пивото, на кој свој штанд имаше и скопската пиварница.