1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ситуацијата во Сомалија

25 април 2007
https://p.dw.com/p/AgAk

Соединетите Американски Држави упатија повик за испраќање африкански мировни сили во Сомалија. Според американското министерство за надворешни работи, овие трупи треба да ги заменат етиопските единици кои сега се стационирани во Сомалија. САД не сакаат по можното повлекување на етиопските војници, во Сомалија да се појави вакум, изјави портпаролот Шон Меккормак. Во меѓувреме, организацијата „Лекари без граници„ хуманитарната состојба во земјата ја оцени како драматична. Посебно тешка е ситуацијата во главниот град Могадишу, изјави и претставникот на Меѓународниот црвен крст во Женева, Александар Либескинд.